Верувате ли навистина дека секојдневието ви е истото како што беше порано да си направите профил на социјалните мрежи? Дали се сеќавате на времето пред појавата на Facebook кога имавте помалку од 20 пријатели и апсолутно никаква идеја што прави сега момчето или девојката во која сте биле вљубени во детството? Како воопшто сме поминале денот, без да знаеме што колешка од работата подготвува за вечера и дали зет ни е во фитнес салата или не?

Facebook постепено не претвора во озборувачи кои си го пикаат носот во туѓите работи, и егоисти, кои се однесуваат на начин кој не би го повториле во реалниот живот. Британскиот весник Metro, наведува 10 работи кои не сме ги правеле пред појавата на социјалната мрежа. Билансот е повеќе од смешен, можеби душевниот гзебиционизам е бичот на современото општество:
1. Не сме ја снимале вечерата
Или дури и да сме го правеле то, не сме ги пратиле снимките на сите наши познаници. Требаше да чини богатство, ако ги испраќавме преку текстуални пораки, на пример.
2. Не сме сакале да обзнануваме апсолутно се.
Пред доаѓањето на Facebook не сме доживеале потреба да се убедуваме дека на пријателите им се “допаѓа” она што велиме цело време и обратно. “Одиш на фитнес? О, ми се допаѓа тоа. Сакаш сирење? О, навистина ми се допаѓа тоа “.
3. Не сме раскажувале на сите за секоја минута од својот живот.
Пред доаѓањето на Facebook колку често се јавувавте на пријател за да му кажете дека “јадете домашни чоколадни бисквити или дека токму сте отишле до продавница да купите тоалетна хартија”? Па да, правилно, никогаш.
4. Не сме биле отворени расисти.
Додека во минатото ограничените предрасуди беа задржани главно за неколкумина тмурни старци на дното на гостилницата, сега нивните старомодни ставови стигнуваат до масите секој ден.
5. Не сме правеле селфија.
Можеби ви недостигаат деновите кога, ако сакавте да се фотографирате со пријателите, одевтево фото-киоск или со повеќе среќа некој имаше Polaroid. А споделувањето на сликите значеше да ги закачите на ѕид.
6. Не сте ги сликалее нозете.
Ако “се релаксирате на сонцето” или “си го поминувате одморот одлично”, покажете ни слики од убави крајбрежја или зајдисонае, а не на поцрнети зглобови или на нозе.
7. Не сме коментирале нечие мислење, пред да сме го чуле.
Луѓето кои коментираат споделена од вас статија, без дури да ја прочитале, искрено се будали.
8. Не сме велеле на сите каде сме цело време.
“Здраво, Џејн,јас сум снаата на Боб, се сретнавме пред време во гостилницата, ти се јавувам набрзина, за да те информирам дека сум во Bull’s Head Pub. Морам да одам, бидејќи уште 368 пријатели чекаат да им се јавам за да ги информирам. Чао “.
9. Не сме ги следеле поранешните партнери.
Пред Facebook си замислувавме дека поранешната симпатија од училиште, која не остави поради Лаура со големите гради од погорниот клас, на крајот се претвори во дебел, грда, осамен маж, веројатно во затвор. Но благодарение на социјалната мрежа веќе не можеме да живееме во среќно незнаење. Кратко пребарување наскоро открива дека тој станал уште поубав, среќно оженет за Лаура со големите гради . По ѓаволите, Facebook.
10. Не сме се дружеле со луѓе со кои никогаш не би биле пријатели во вистинскиот живот.
Кој? Денис од сметководство? Сум зборувал со неа само еднаш. Еднаш! Свекрвата ? Што прави таа во Facebook? Но сепак ги прифаќате поканите за пријателство, бидејќи не сакате да им ги повредите чувствата .