Американскиот Сенат би можел денес да гласа за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сепак, гласањето може да се одложи, бидејќи Сенатот усвои барање да се разгледаат изјавите на сведоците.
Процесот на импичмент влезе во петтиот ден, обете страни презентираа аргументи и денес може да се донесе одлука за обвинувањата дека Трамп е одговорен за немирите на 6 јануари во Вашингтон, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на конгресот.
Започна седницата на Сенатот за тоа прашање, а она што може да го одложи гласањето е разгледување на изјавите на сведоците или презентирање на нови документи.
Еден од демократските сенатори, Шелдон Вајтхаус, побара прекин на рочиштето поради наводни нови докази. Тој тврди дека станува збор за наводен телефонски разговор помеѓу Трамп и лидерот на републиканците во Сенатот, Кевин Мекарти, на 6 јануари, откако американските медиуми објавија дека во тој разговор Трамп одбил да ги повика демонстрантите да ги прекинат немирите.
Сега Сенатот повика сведоци кои треба да зборуваат за тоа.
За да биде усвоено барањето за отповикување во Сенатот, потребно е двотретинско мнозинство, односно 67 гласа. И демократите и републиканците имаат по 50 места во Сенатот. Тоа значи дека 17 републиканци треба да гласаат за повлекување на Трамп.
Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на неофицијални извори, дека 10 републиканци се подготвени да гласаат за отповикување.