10 строги правила за кралските дадилки

од desk2
98 прегледи

 

Принцот Џорџ и принцезата Шарлота секогаш се во сигурни раце затоа што за нив 24 часа на ден се грижат најдобрите дадилки. Постојат дури и посебни училишта за кралските дадилки каде ги учат строгите правила за оваа многу одговорна работа. Еве десет од нив.

  1. Мора да знае да врзе пелена на неколку начини. Во кралските семејства не се користат пелени за еднократна употреба, па дадилката мора да знае да врзе обична пелена на неколку начини за детето секогаш да е суво и да му е пријатно.

2. Детската игрална секогаш мора да е уредна. Иако, додека детето игра може цел под да биде со играчки, но дадилката мора да ги среди, за игралната да биде уредна.

3. Мора да знае да ги избрка напаѓачите. Сигурноста на детето е на прво место, а дадилката треба да ги штити и од папараци и други закани, па често дадилките знаат тек вон до.

4. Мора да знаат брзо да возат. За да можат да избегаат од љубопитните погледи на луѓето кои постојано ги следат, дадилката мора да знае добро да вози автомобил, но и брзо и безбедно.

5. Мора да биде добар пливач. Особено се однесува на дадилките во Велика Британија која е окружена со вода, а членовите на кралското семејство често одат на одмор на брегот. Затоа мора да завршат курс за спасување на вода.

6. Смее да носи минимална количина шминка. Оние кои се школуваат во колеџот Норланд, каде се подготвуваат дадилки за кралски семејства носат умерени и скромни кафеави униформи, и избегнуваат упадлива шминка. По дипломирањето ретко ги носат униформите, но сепак се шминкаат минимално.

7. Дозволено им е да носат само малку модни додатоци. Може да носат обетки, но не висечки накит, белезици, прстени и слично.

8. Мора да се доволно силни да возат количка која тежи 30 килограми. Количката од брендот Silver Cross е најпопуларна кај кралските семејства, а тежи 30 килограми и тешка е за управување, па кога се возат малите принцези и принцови, дадилката треба да е особено спретна со неа.

9. Мора да внимаваат детето здраво да се храни. Секако, за малите принцови и принцези готвачи приготвуваат храна, но дадилката мора да внимава тоа и да ја изеде, за да ги навикнат од мали на здрава исхрана.

10. Мора да биде подготвена во секоја ситуација да го смири расплаканото дете. Дадилката е таа која навечер станува да го смири детето.