Човечката свест во принцип е неизвесна. Тaa има потреба од признанија и пофалби за да се чувствува добро. А, мажите не добиваат доволно добри критики. Едно е да му кажеш “Благодарам, мило ми е што ме возеше до станицата”, сосема друго е да го погалите со пердув по душичката.743e9d3deb9b718d37382c625b7ec1b6

Cosmopolitan направил листа на комплиментите кои жените е убаво да ги користат. Ако го сакаат партнерот.

1. Облеката

Понекогаш мажите вложуваат повеќе внимание во облека од жените. Еден добар збор за новото палто сигурно би му го поправил денот.

2. Ова цврсто машко тело

Физиката е репрезентативен дел од изгледот на машкиот пол. А кога вашето момче спортува активно и ги обликувало добро деталите, ќе му биде пријатно да искаже комплимент по прашањето. Нели сепак затоа удира во салата.

3. “Правиш да се чувствувам сигурна”

Ова е од оние искази кои го изненадуваат увото. Велејќи тоа, ќе го натерате да испита вистинско задоволство. Ќе се претстави како вашиот витез, а вие ќе бидете неговата прекрасна дама.

4. Мирисаш добро

Има ли нешто посексапилно од тоа до вас да помине пријатно намирисан маж? Ма не!Хармонизираната комбинација од феромони, автершејв, дезодоранси и мирис на сапун си заслужуваат комплимент!

5. Колку кул!

Како и сите луѓе, и мажите сакаат да знаат дека со нешто се интересни на другите околу себе (особено на жените). Нивниот најголем страв е дека ќе бидат здодевни и неприметливи во еден разговор. Направете да се опуштат, со тоа што ќе им кажете колку е кул нешто што прават.

6. Тема пенис

Мажите често се жалат на тоа дека не слушаат доволно убави зборови за машкото достоинство. Еден позитивен преглед би влијаел на сексуалниот живот, бидејќи ќе се подигне нивната самодоверба.

7. Колку си паметен!

Мажот е едно големо его, кое има потреба да биде галено често. По надворешноста, доаѓа умот. Овој квалитет е многу важнен за повеќето мажи, тие сакаат да знаат сè, а луѓето околу нив да се свесни за овој факт.

8. Возачки способности

Иако разбирањето за жената возач, еквивалент на “инвалид-водич”, е целосна глупост, сепак можете да го почеткате за тоа колку убаво паркира.

9. Ти си точен

Најважно за еден маж, освен наведеното претходно, е точноста. Да се погоди, да каже нешто и да се одржи на него. Ако вашето момче го почитува кажаното, не двоумете се да го наречете вистински маж.

Слични содржини