10 ултимативни вежби за рамен стомак од познатa ФИТНЕС ИНСТРУКТОРКА (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Стомачните не можете да ги затегнете само благодарение на вежби, туку комбинацијата на тренинг и исхрана е важна, вели Сесилија Харис, тренер на многу познати личности.

– Овие десет убиствени движења за стомачни ќе направат да се чувствувате силни, а можеби и малку да врескате – вели Сесилија и додава: „Запомнете, кога станува збор за добивање рамен стомак, исхраната е најважниот фактор. Можете да работите на стомачните мускули и да изградите мускули на јадрото, но без здрава исхрана, самите стомачни мускули нема да бидат видливи со поголем процент на телесни масти“.

За да биде стомакот рамен и убав, потрудете се да консумирате што помалку едноставен шеќер, особено слатки, овошје попладне, како и секакви сокови, газирани и негазирани. Вежбајте два пати неделно, но поинтензивно или неколку пати неделно помалку интензивно.

– За жал, некои веруваат дека треба да вежбаат еден час за да им се исплати, но тоа едноставно не е така. Всушност, штом луѓето сфатат дека седумминутниот тренинг е доволен за да им донесе огромни придобивки за нивното ментално и физичко здравје, резултатите ќе бидат подобри – советува Сесилија.

Слични содржини