Најскапото шише рум во светот, создадено во соработка меѓу францускиот производител на рум Clément и куќата за накит на Филип Тарнер, беше продадено во Франција за 100 000 евра.
Шишето е изработено од кристалната марка Baccarat, и е украсено со 18-каратно злато, како и со четири-каратни дијаманти. Содржината на шишето е рум Clement 1966 г, каков никогаш не се продавал. Има само околу 40 шишиња од овој рум.
Купувачот на шишето се покажа дека еИталијанец, но неговото име не беше откриено. Дел од износот (околу 15 000 евра) била пренесен на Асоцијацијата за борба со болеста српеста анемија (APIPD).
Српестите нарушувања се наследни крвни заболувања кај кои црвените крвни зрнца стекнуваат срповидна форма и истовремено со тоа е намалена еластичноста на клетките, како резултат на што се јавува ризик за бројни компликации.
Создадени се уште осум слични шишиња со помала големина, по 19 илјади евра секое.