100% пребројани гласови: За АКП 316 места во 550-члениот турски парламент

од desk3
94 прегледи

Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција со 49,35 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на сто отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ.

erdogan_in_kurban_selfiesi_leman_kapaginda_h54856_78d45

АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и таа ќе има 316 места во 550-члениот Парламент.

За главната опозициска Народнорепубликанска партија гласале 25,44 отсто од гласачите и таа ќе има 134 мандати во турскиот Меџлис.

Партијата на националистичко движење освои 11,97 отсто, а за прокурдската Демократска партија гласале 10,59 отсто, со што го мина десетпроцентиот изборен праг.

Одѕивот на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори изнесуваше 87 отсто. /MИА