1000 амандмани, кавги и дофрлувања: Почна тридневната расправа за Законот за државјанство

од Nikola Popovski

Денеска со жестока дофрлувања и кавги, почна расправата на Комисијата за европски прашања за предлог – законот за државјанство, кој го договори власта со албанската опозиција, кој Владата го поднесе со европско знаменце.

Опозицијата се обиде преку процедурални забелешки да го одложи стартот на расправата по самиот закон со цел да не почнат да течат роковите од само два дена комисиска расправа. Најголемата забелешка е дека законот не е европски. Расправата се вжешти откако пратеникот Зекир Рамчиловиќ и даде копии од лица без државјанство на пратеничката Марија Петрушевска.

По низата процедурални забелешки претседавачот на Комисијата, Арбер Адеми сепак, го стави дневниот ред на гласање. На Законот за државјанство биле поднесени 1006 амандмани, од кои 6 на ВМРО-ДПМНЕ се одбиени како неуредни.

Законот за државјанство има европско знаменце и се носи по скратена постапка. Со него е превидено државјанство да може да се стекне со приложување на лични документи, извод од родени, работничка книшка, имотен лист, комунални сметки, здравствена книшка, платени даноци и друго.

Слични содржини