101-годишен маж е најстариот пациент кој го победил коронавирусот во Македонија

од Берта Китинска

Најстариот пациент кој прележал ковид 19 во земјава е сто и едногодишен маж од Демир Хисар, потврдуваат од Институтот за јавно здравје за „Локално“.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,3 години).

-Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 56.281 (25,4%), додека највисок специфичен морбидитет од 13.299,9/100.000 се регистрира кај возрасната група од 50-59 години). Најнизок специфичен морбидитет од 2.261,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9, каде се пријавени 4.948, информираат од Институтот.

Во периодот од 13 до 19 декември, вкупно 36 лица во земјава по вторпат се заразиле со ковид-19, што е зголемување од 38,5 отсто во однос на претходната недела, соопштува ИЈЗ. Според последната евиденција, вкупно се регистрирани 1.013 реинфекции, од кои две се втори реинфекции.

Во тој период тестирани се 19.943 материјали, а регистрирани се 1.922 нови случаи од 32 градови во државата, со намалување од 8 отсто во однос на минатата недела.

Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.

 

Слични содржини