101 забрана за возење изречени првиот ден од примената на системот „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 101 забрана за управување моторно возило, како резултат на прекршоци евидентирани преку системот Безбеден град.

од desk4
17 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 101 забрана за управување моторно возило, како резултат на прекршоци евидентирани преку системот Безбеден град. Станува збор за првиот ден од примената на системот во кој автоматски се изрекуваат санкции.

Од МВР информираат дека забраните се изречени по основ на два вида сообраќајни прекршоци, во рамки на вкупно регистрирани 646 прекршоци на територијата на државата.

Поради минување на црвено светло евидентирани се 64 прекршоци, од кои 35 во Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово.

Најголем број прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, вкупно 582 случаи. Од нив, 445 се регистрирани во Скопје, 36 во Тетово и 31 во Куманово, додека 70 прекршоци се евидентирани на патните коридори низ државата.

Од Министерството најавуваат дека системот „Безбеден град“ ќе продолжи континуирано да ги евидентира сообраќајните прекршоци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.