109 повредени лица од Кочани ги доставиле своите барања и предлози до Владата

од Nikola Popovski
18 прегледи

Прес-службата на Владата информира дека 109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со Кабинетот на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози.

-Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга, велат од Владата.

Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.

-Водено, ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби. Владата е целосно отворена за соработка, потенцираат од „Илинденска бр.2“.

Слични содржини