Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 смртни случаи од коронавирус во Македонија. Починатите се од Скопје (84г) и Кичево (75г) во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022.
Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.