од Vladimir Zorba
799 прегледи

Одржливиот развој на општините ќе обезбеди баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, сподели премиерот Зоран Заев.

„При посетата на НП Маврово имав средба со претставници на Македонското еколошко друштво, кои ни го презентираа проектот за следење на рисот кој е уникатен вид и е наш национален симбол. Потенцираа дека се задоволни од одличната соработка и поддршка која ја имаат од МЖСПП.

За време на разговорот им најавив дека со изградбата на новите делници ќе имаме предвид, секаде каде што тоа е можно, секој автопат да има подземни премини или зелени мостови за заштита на животните и за поголема безбедност во сообраќајот“, посочи Заев.

Истакна и дека Зелената агенда веќе е во полн ек, носи чисти извори на енергија, нови милионски инвестиции и најважно, ја штити животната средина.

„Токму во Општина Маврово-Ростуше ќе инвестираме во поставување канализациска мрежа со пречистителна станица во Маврови Анови.
Во следниот период целиот фокус го насочуваме за да ја заштитиме оваа прекрасна природа која привлекува илјадници домашни и странски туристи во текот на целата година“, додаде тој, истакнувајќи дека на Општина Маврово-Ростуше ѝ треба континуитет на добрите политики и проекти.

„Затоа на 17 октомври гласаме за #НајдобротоЗаМојатаОпштина, за Медат Куртовски, за број 12“, додаде Заев.

Слични содржини