Убедливо најмногу кандидати за градоначалници на локалните избори на 17 октомври се пријавиле за Скопје – 12.
По 7 и 6 кандати има пријавено и во Центар, Карпош, Кисела вода, Ѓорче Петров…Најмалку кандатури, по две, имаат Бутел, Сопиште и Маврово Ростуше…
За Скопје, свои кандидати пријавиле коалициите што ги предвидат СДСМ, ЛДП-ДОМ, Левица, Интегра, Твоја партија, Бошњачки демократски сојуз, ТМРО, Демократи, работници и независни, како и две листи на група избирачи – Данела Арсовска, која ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Ана Петровска со поддршка од Зелен град.
Во скопските општини, најмногу – седум пријавени кандидати има во Центар: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Левица, Твоја партија, Родина за Македонија, Демократи, работници и независни).
Во 25 општини има пријавено само по двајца кандидати, како во Босилово, Валандово, Пробиштип, Пласница, Центар Жупа, Бутел…Без кандидат Македонец ќе биде и Чаир. Таму се борат ДУИ, БЕСА, ДНЕТ, ДПА и Алијанса на Албанците и Алтернатива.
Вкупно за овие локални избори се пријавиле 297 кандидати за градоначалници предложени од коалиции, партии и од група избирачи.
Откако ќе се потврдат кандидатите на 18 септемри ДИК ќе ја направи и ждрепката за редоследот на гласачкото ливче.