Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале 12 лица, а согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година.
Во последното деноноќие, 3 починати лица се од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Пријавените починати преку Регистарот се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.