128 сообраќајни прекршоци во Скопје

од Берта Китинска
219 прегледи

По засилените сообраќајни контроли вчера на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 128 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 52 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, три за минување на затворен семафор (црвено светло), три прекршоци што ги направиле пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 32 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.