13-годишник го фати Светиот крст во Прилеп

од Nikola Popovski

Тринаесет годишниот Марко Ристески е среќникот кој го фати Светиот крст на Богојавление Водици од базенот во дворот на прилепската црква „Свето Благовештение“. Дванаесет деца учествуваа на традиционалното положување и фаќање на крстот во дворот на Црквата.

Среќниот Марко рече дека неизмерно е радосен и очекува него и семејството да ги следи среќата оваа година.

-Многу сум возбуден. Првпат учествувам, и ете, среќен сум што го фатив крстот. Чувството е посебно. Посакувам здравје, среќа во оваа година. Се надевам дека јас и моето семејство ќе го имаме сето тоа, а и на училиште ќе ми биде добро, рече Ристески.

Општината го дарува Марко со златен крст, објави МИА.

Слични содржини