Истражувања покажаа дека одредена храна игра клучна улога во превенцијата од малигни заболувања.
Еве 13 намирници кои помагаат во спречување на рак:
Брокулата содржи супстанца сулфорафан, која може да има заштитен ефект од одредени болести. Резултатите од неколку студии (ин витро или na животни) покажаа позитивен ефект на сулфорафан во лекувањето на неколку видови на рак.
Моркови. Според одредени податоци, редовната употреба на моркови во исхраната може да помогне да се намали ризикот од развој на пр. рак на желудникот, простатата и белите дробови.
Гравот и другите мешунки се богати со растителни влакна, кои можат поволно да делуваат во превенцијата од колоректален карцином.
Бобинки (боровинки, брусница и сл.) се богати со антоцијани. Антоцијаните се пигментирани супстанции кои покажуваат антиоксидантно дејство. Антиоксидантното дејство го штити организмот од штетните ефекти на слободните радикали и може да помогне во спречување на разни болести кои се јавуваат како резултат на изложеност на слободните радикали.
Циметот главно се користи како ароматичен зачин при подготовка на десерти. Но, циметот покажува и одредени антивоспалителни својства, а може да придонесе и за регулирање на покаченото ниво на шеќер. Во некои ин витро студии, забележано е позитивното дејство на циметот во спречувањето на ширењето на малигните клетки.
Јаткастите плодови се препорачуваат и во исхраната. На пр. bразилскиот орев, кој е богат со селен, може да придонесе за спречување на некои видови болести кои се поврзани со недостаток на овој елемент. Има и некои податоци за можните корисни ефекти во превенцијата од рак.
Маслиновото масло е веројатно најпознатото масло кое се препорачува како дел од здрава и разновидна исхрана. Неколку студии покажаа дека редовната употреба на маслиново масло може да има корисен ефект во превенцијата од рак.
Куркумата е добро позната по нејзиното позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Куркумата содржи голем број активни супстанции, од кои некои се поврзани со можни антиканцерогени ефекти
Цитрусните овошја како лимон, грејпфрут и портокал, според некои студии, можат да го намалат ризикот од развој на одредени видови на рак.
Лененото семе е богато со „добри“ масти кои се препорачуваат за превенција од кардиоваскуларни нарушувања. Покрај тоа, лененото семе содржи растителни влакна и други супстанции кои можат да помогнат да се намали ризикот од развој на колоректален карцином и рак на дојка.
Доматите содржат ликопен, супстанца која е одговорна за карактеристичната боја на доматите и антиканцерогените својства.
Лукот содржи алицин. Алицинот поволно делува на регулирање на нивото на холестерол во крвта, поради што лукот е можеби најпознат. Покрај овој ефект, активните состојки на лукот можат да бидат корисни во превенцијата на некои форми на рак.
Во исхраната се препорачуваат и риби, особено видови со поголем процент на маснотии, кои треба да придонесат за превенција од разни болести, вклучително и малигни.