1/3 од населението во светот ќе биде кратковидo до крајот на деценијата

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Една третина од светското население ќе биде кратковидo до крајот на деценијата, прогнозираат експерти.966ee415d971d490_Glasses-Banner.preview

Во САД над 40 проценти од жителите носат очила. Миопиjaта обично може да се лекува со очила, контактни леќи или операции. Кратковидите луѓе страдаат од поголем ризик да развијат глауком или катаракта, предупредуваат уште лекарите кои се прашуваат за причината за зголемениот број на кратковиди луѓе во светот.

Според научниците една од причините е тоа што поминуваме подолго време во затворен простор. Друго истражување пак докажа дека ДНК-то исто така влијае на видот. Интересно е дека во Источна Азија кусогледноста се поврзува со нивото на образование.

Во Кина речиси 90% тинејџерите и младите луѓе се пократковиди во споредба со 10-20% пред 60 години. Тоа научниците го објаснуваат со фактот дека еден 25-годишен ученик поминува просечно 15 часа неделно во пишување на домашни.

Минатата година германските научници утврдиле дека учениците кои поминуваат повеќе време над учебниците, почесто страдаат од миопија во споредба со соучениците кои избегнуваат да влезат на предавања и не размислуваат над лекциите.