139 санкционирани возачи во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

Слични содржини