14 административци во 20 метри квадратни: Таравари избрани се бескорисните, фотографирале доверливи документи

од desk4
91 прегледи

Во две канцеларии кои не се поголеми од 20 метри квадратни, работат 14 административни работници во Oпштина Гостивар, информира ТВ21.

Градоначалникот Арбен Таравари одлучил да ги премести од зградата на општината во јавното претпријатие Комуналец.
Повеќето од нив се раководители на сектори и лица кои во општината работат над 10 години.

Таравари вели дека никого не деградирал и никому не му ја намалил платата, но, како што велат административците, тоа е така бидејќи не му дозволува Законот.

14 административци секој ден доаѓаат на работа, еден час порано отколку нивните колеги кои се во општинската зграда. Седат 8 часа, но не работат ништо, а ниту градоначалникот не бара од нив да работат нешто.

„Во моментов не примаме ниту еден предмет за работа. Имаме поинаков распоред од администрацијата која е во општинскиот објект. Нашето работно време е од 07.00 наутро до 15 часот, а тие од 08 часот до 16 часот. Сменет ни е распоредот бидејќи сме сместени во претпријатието Комуналец, а тие работат со тој распоред , а со налог ни е кажано да работиме во истото работно време“,вели Ресми Ејупи, раководител на оддел.

Што ќе се случува со административците не знае ниту самиот Таравари.

„Планираме уште еден кат да направиме на општината. Јас немам место во Oпштината. Ако можете да дојдете и да ги видите канцелариите… Во секоја канцеларија има по 6, 7, 8 лица. Избрани се да заминат тие што ми се бескорисни, тие што фотографираат доверливи документи од општината и ги праќаат насекаде“, вели Таравари.

Целиот текст можете да го прочитате тука