14-годишник осомничен за силување на четиригодишно дете

од Nikola Popovski
33 прегледи

На 10.04.2025 во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 14 – годишен малолетник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на соседите допирал по телото четиригодишно женско дете.

Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, по член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Слични содржини