МЗ: 14 починати од корона, четворица во периодот 19 ноември-7 декември

од Nikola Popovski

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, а објавена од Министерството за здравство, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1).

Починатите лица се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Слични содржини