Отворен новиот пункт за вадење лични документи, се услужуваат по 1000 граѓани на ден

од Nikola Popovski
225 прегледи

Денеска и официјално беше отворен новиот пункт на МВР за промена на лични документи, кој што е отворен во салата на Сообраќајната полиција во рамките на полициската станица „Пролет“ во општина Центар. Како што информира министерот Оливер Спасовски, во просториите ќе се фотографира и ќе се земаат биометриски податоци, без да се закаже термин.

Според министерот, инсталирани се 10 работни станици.

-Системот е тестиран и овозможува по 1000 лица за еден работен ден да ја поминат целата процедура. Работното време е од 8 до 18 часот, со можност да се продолжи до 20 часот. До моментов на ниво на државата, заменети се 1,5 милион патни исправи, околу 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи, рече Спасовски во изјава за медиумите.

Поставените кабини и паравини за фотографирање се донација на компанијата „Брако“, при што министерот изјави дека се од железо и дека нема никакви кабли.

Спасовски истакна дека променил дел од неговите лични документи со новото уставно име Република Северна Македонија и дека останува да ја промени уште личната карта.

Слични содржини