15 лица го прекршиле полицискиот час

од Nikola Popovski
276 прегледи Полициски час

„Од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (14/15.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци“, соопштија денес од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.