15 лица ја изгубија битката со Ковид-19

од Nikola Popovski

Во последното деноноќие во земјава пријавени се 15 смртни случаи од коронавирус.

Билансот по градови изнесува: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г).

Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.

Слични содржини