150 пожари беснеат во Грција

од desk4

Грчките власти наредија евакуација на предградијата северно од Атина, како и барателите на азил од блискиот центар за прием на мигранти.
Силните ветрови денеска ги разгореа пожари во шумите северно од Атина, додека службите за итни случаи трет ден по ред се борат за да воспостават контрола на пожарите низ цела Грција.
Гувернерот на Атика, исто така, нареди затворање на сите паркови и отворени простори низ Атина и регионот.
Од вторникот до денес во Грција избувнаа повеќе од 150 шумски пожари. Евакуираи се десетици градови и села а запалени илјадници хектари шумско земјиште.
Администрацијата за цивилна заштита издаде „предупредување за екстремен пожар“ поради топлотниот бран.

Слични содржини