156 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

од Nikola Popovski
140 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Слични содржини