159 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење

од Берта Китинска
407 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 11 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, десет санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини