16 амбасадори кај Груевски , сите за одржлив начин за излез од кризата!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Денеска го слушнавме ставот на премиерот за сериозното прашање за владеењето на правото и враќање на довербата во институциите. Побаравме од сите релевантни фактори да се заложат со добра волја со цел да се најде одржлив начин за излез од кризата, изјави евроамбасадорот Аиво Орав по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Владата.

Аиво Орав по средбата со премиерот Груевски

 

За надминување на политичката криза важно е да се работи во интерес на граѓаните на земјата и над партиските интереси. Затоа ги поздравуваме вчерашните конструктивни разговори на политичките лидери под покровителство на комесарот Хан, порача амбасадорот на ЕУ Аиво Орав во името на дипломатските претставници од сите земји членки на Унијата  кои денеска  беа на средба во  Владата со премиерот Никола Груевски

– Овде сме сите амбасадори на земјите членки на Европската унија во Скопје имавме состанок со премиерот. За да се одбегнат недоразбирањата, овој состанок беше планиран одамна и не следи по вчерашните разговори. Вакви средби што поскоро ќе имаме и со другите лидери на политички партии Заев, Ахмети и Тачи – рече Орав.