16 април е меч со две острици за 5 хороскопски знаци

од Vladimir Zorba
388 прегледи

Полната Месечина во знакот Вага го достигнува својот полн потенцијал на 16 април околу 21 часот.

Влијанието на полната месечина во Вага се чувствува неколку дена пред и по месечењето. Поттикнува напнатост, нервоза, променливи емоции, соништа кои носат скриена симболика, но и не тера да се запрашаме од што треба да ослободиме. Токму тоа треба да го оставиме за да привлечеме нова енергија.

„Неговото влијание поттикнува ослободување од сè несакано, прифаќање на промените на олеснувачки начин. Човек треба да се ослободи од лошото, негативното и да се наврати на позитивното. Треба да се сакате себеси. Посетете фризер, нашминкајте се. Носете парче облека во кое се чувствувате најудобно и блескате. Лесно ќе стекнете симпатии ако се сакате себеси“, вели астролог, пренесе „Задоволна“.

Балансирањето и наоѓањето рамнотежа во односите зависи од енергијата што ја носите одвнатре, додава тој.

Ги издвојува и знаците од Зодијакот на кои најинтензивно ќе влијае оваа енергија.

Овен

Рамнотежа во односите. Решете ги сите стари конфликти кои ги имате со партнерот. Дефинирајте сè што останува нејасно. На овој начин ќе привлечете нови луѓе во вашиот живот. Овој период може да ви донесе обновување на емотивната врска или важно деловно партнерство.

Бик

Променете ги вашите животни навики. Прифатете поздрава исхрана, зголемете ја физичката активност. Организирајте го вашето време и работните задачи. Ќе уживате во продуктивноста.

Рак

Емоциите се на удар. Раздразливоста ќе ја пренесете на семејството но и на партнерот доколку не го надминете она што ве мачи. Ослободете се од сите негативни емоции преку поддршката и советите на најблиските. Земете попозитивен став почнувајќи со подобра самодоверба. Зајакнете ја вашата внатрешна волја.

Вага

На раскрсницата сте на се што ве мачи со месеци. Промените ве плашат и носат непотребни грчеви. Ги добивате шансите што сте ги посакувале толку долго. Ќе ги искористите само доколку сте поопуштени и неоптоварени.

Јарец

Акцентот е ставен на деловните одлуки, конечниот рез, како и реализацијата на оние кариерни планови и амбиции кои ги посакуваат од почетокот на годинава. Останете цврсти и упорни. Верувај те. Со силен и позитивен став ќе ги прифатите посакуваните резултати.

Слични содржини