165 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возила.

Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник.

Слични содржини