18-годишник усмрти пешак во струшко Враништа

од Берта Китинска
257 прегледи

На 26.05.2022 околу 21.35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.