19-годишник заврши во болница по пукање во Арачиново

од Nikola Popovski
23 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 23:40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20:30 часот кај нив бил донесен Б.Р. (19) од село Арачиново, скопско.

Според пријавеното, околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон Б.Р..

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово истакна дека немаат повеќе информации околу случајот и ќе известат во текот на денот.

Слични содржини