207
Според извештајот на Министерството за здравство, пријавени се вкупно 2 починати лица од коронавирус во последните 24 часа и тоа : 1 лице од Скопје (67г) и 1 лице од Кавадарци (80г). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.