Мислите дека ја знаете Ким Кардашијан, бидејќи таа е кралица на социјалните мрежи и шоуто? Грешите! Бринетата откри пред своите фанови несподелени интересни факти за себе, кои успеаја за миг да ја претворат во обична жена, наместо недостижна ѕвезда. Еве и што изјави 36-годишната убавица во личниот сајт:
1. Со Кортни бевме на еден час по шпански во средно училиште. Бев толку паметна што зедов година однапред, а таа требаше да повторува. Тоа беше најдобрата наша година, бидејќи бевме заедно.
2. Ги пукам прстите секое утро.
3. Имав темна бемка на челото, која ја корнев 3 пати. Сега е иста со бојата на кожата и сите мислат дека е акна.
4. Имам фиксна протеза на забите од внатрешната страна, па никој да не може да ја види.
5. Имам 6 пирсинзи – еден на папокот, еден на десното уво, 3 на левото и 1 високо на истото.
6. Имам пеги на очниот капак.
7. Ја мразам етикетата на корпите на Starbucks. Ја напуштам масата, додека некој не ја скине, бидејќи јачината на звукот од отстранувањето ме полудува.
8. Мразам сенф, пиперки, сино сирење и црвено кадифе.
9. Спијам со полуотворени очи и тоа ги плаши луѓето.
10. Секогаш летам со ќебе и сопствена перница.
11. Опседната сум од ноктите и секогаш носам во себе турпија и ножички за кутикули. Ако не се совршени, се чувствувам валкано.
12. Ја знам азбуката на јазикот на глувонеми и мамев за време на тестови со пријателите, со тоа што си поткажувавме на овој начин.
13. Скокнав од авион со падобран кога имав 20, а сега се плашам од височини.
14. Јас сум најзабавниот човек на светот, но тоа го знаат само моите најблиски. Кажувам чудни работи.
15. Обожавам топли простории и мразам кога е пуштена климатизација. Разбрав дека Кание е мажот за мене кога преспав кај нив и собата беше многу топла.
16. Играм тенис и дури посетив посебен тенис камп како дете.
17. Речиси ме истераа од тенис кампот, бидејќи бакнав момче. Татко ми дојде да ми вреска.
18. Патував до Аризона, за да ја посетам Кортни, додека беше во колеџ и ги сменивме автомобилите. Возев мало бело BMW што таа го сакаше, а јас го сакав нејзиното големо црно.
19. Никогаш не сум се плашела од пчели и како мала сакав да ги затворам и да си играм со нив. Никогаш не сум била касната од пчели.
20. Никогаш не сум пиела ладно кафе од Starbucks и Coffee Bean.