20-годишна скопјанка почина од грип на Инфективната клиника

од Nikola Popovski
829 прегледи

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починала 20-годишна девојка како последица на грип, што претставува седми смртен случај како последица од грип оваа сезона.

Според информациите, девојката била префрлена од Клиниката за хематологија и не била вакцинирана.

Од Комисијата за заразни болести апелираат да се почитуваат и препораките за задолжително носење на маски во здравствените установи, особено хронично болните.

Од Институтот за јавно здравје се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кој кон крајот на февруари и почеток на март.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, се регистрирани шест починати лица асоцирани со грип, две од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар и Штип, во возрасната група над 65 години и од возрасната група на лица 15-64.

Слични содржини