20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло, велат од „Улици и патишта“

од Nikola Popovski
200 прегледи

Екипите на ЈП „Улици и патишта Скопје“ интервенираат на улиците кои се поплавени од денешните обилни врнежи од дожд. Според нив, денес 20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот.

-Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците, велат од таму.

Во соопштението стои дека се работи и на интензивно расчистување и на улиците на потег од ТЦ Мавровка до Ист Гејт Мол.

-Продолжуваме со интензивно работење во текот на вечерните часови со расчистување на јавните и сообраќајни површини со цел да се воспостави проодност на движењето на пешаце и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од „Улици и патишта“.

Слични содржини