Бројот на загинатите при сомнителната напад со хемиско оружје во контролираниот од бунтовниците град во Сирија достигна 86 лица. Ова го соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, цитиран од Франс прес.

Претходно други извори соопштуваа за околу 100 загинати и над 200 повредени.
Од центарот појаснија дека 20 жени и 30 деца се меѓу убиените . Бројот на загинатите е зголемен, бидејќи има луѓе кои се водат за исчезнати , дополнуваат од организацијата.
Има информации дека при нападот загинале најмалку 19 лица од едно семејство.
Сириската опозиција објави дека лојалните на Асад сили користеле хемиско агенс при напад со авиони во град во северозападната провинција Идлиб. Сепак Москва и Дамаск тврдат дека е погоден магацин со хемикалии, управуван од џихадисти. Западните држави веруваат дека силите на сирискиот лидер Башар ал Асад се виновни за нападот. Западот подготви нацрт и повикува на целосна истрага за нападот. Русија предупреди дека ќе го блокира барањето, бидејќи се базира на лажни информации.
Вчера Советот за безбедност на ОН дебатираше за подготвената од Западот резолуција за осуда на воздушните напади. Но Москва го заштити Дамаск, повторувајќи дека е погоден “терористички” магацин со “хемиски агенси”. Проектот за резолуција не беше подложен на гласање.
Во исто време ЕУ и други донатори ветија да обезбедат 5,6 милијарди евра за хуманитарните потреби на Сирија.
Потпретседателот на САД Мајк Пенс изјави дека „сите опции се на маса“ што се однесува до тоа како ќе одговори државата на наводниот хемиски напад во Сирија.
Пенс во интервју за Фокс њуз ја повика Русија да ги исполни своите обврски од договорот од 2013 година, да се елиминира хемиското оружје во Сирија.
САД го обвинија сирискиот режим за нападот од вторникот во кој беа убиени најмалку 86 луѓе.