140
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги презема првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи од германската компанија „Дермалог“.
Во рамки на потпишаниот договор со ДИК вреден 11 милиони евра, „Дермалог“ ќе се грижи и за системот за функционирање на терминалите, како и за нивното одржување во следните четири години, односно четири изборни циклуси.
Уредите ќе бидат употребени на претстојните локални избори.