
На 5 јуни 1968 година, неколку минути по полноќ, Роберт Кенеди им се заблагодарува на поддржувачите кои присуствуваа на говорот во хотелот “Амбасадор” во Лос Анџелес. Во 00.15 часот, слегува од платформата и се упатува кон кујната и при тоа се поздравува со луѓето, кои се наоѓаат на патот.
Една минута подоцна, пред него се наоѓа 24-годишниот Палестинец Сирхан Сирхан. Во раката држи пиштол со калибар 22. Убиецот пука во Кенеди и во неговото обезбедување.
Боби се лизга и паѓа на подот, а мажите наоколу се фрлат да го разоружаат напаѓачот. Помошникот-келнер Хуан Ромеро ја крева главата на Роберт и става во неговата рака молитвена бројаница.
Сцената е запечатена од фотограф на списанието “Лајф” и а весникот. “Лос Анџелес тајмс”. Кадрите го обиколуваат светот и стануваат симбол на убиството на сенаторот. Аутопсијата покажа дека два куршуми го погодиле Кенеди во грбот, а еден дошол од зад десното уво. Четвртиот само нежно ја допира облеката.
Во нападот се повредени уште пет лица. Сите очевидци тврдат дека Сирхан бил на околу еден метар-два кога пукал во Боби. Во извештајот понатаму пишува дека Сирхан можеби не е убиецот, бидејќи постои веројатност за втор стрелец – убиец.
Подоцна станува јасно дека во хотелот присуствуваат неколку агенти на ЦИА. Овој факт е вознемирувачки, бидејќи според назначувањето овие мажи требало да бидат во Југоисточна Азија. Неколку децении по нападот беше објавен аудиозапис од пукањето во кујната. То е направен од Станислав Прсжински, полски новинар, кој носел пренослив касетофон и на него бил прикачен микрофон.
Ова е единствениот звучен запис на самото убиство на Роберт Кенеди. Според истражувачите на инцидентот Сирхан не бил сам, а од снимката на Полјакот, емитувана за прв пат на 6 јуни 2007 година, со голема сигурност може да се тврди дека имало и втор пиштол.
Криминалистите утврдиле дека на местото се пронајдени најмалку 12 снимки. Според истражителите атентаторот Сирхан во моментот на злосторството бил под хипноза.
Палестинецот имал “проблеми со главата”, кои се добиени при неговата работа како џокеј. Во лекувањето му била применета хипноза и учество во групи за контролирање на свеста.