212 санкции за неносење заштитна маска

од Берта Китинска
211 прегледи

„Од 00.00 часот до 04.00 часот (28.05.2021) констатирано е дека шест лица не ја почитувале забраната за движење.Во текот на изминатото деноноќие (27/28.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 212 прекршоци“, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.