22-годишна девојка почина на приватна забава во Скопје

од Nikola Popovski
290 прегледи

Полицијата информира дека синоќа, единаесет минути после полноќ бил пријавен смртен случај на приватна забава во Скопје.

– Во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С.(22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Слични содржини