22 Конгрес на СДСМ- прв реизбор на Заев

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Денеска во 12 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи 22 конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ќе се  гласа за нов претседател на партијата, и ново и надополнето раководство.

Без лажна скромност или глумење демократија да не се лажеме  единствен кандидат е Зоран Заев, актуелниот претседател на СДСМ, и тој ќе биде реизбран, велат од СДСМ. НА конгресот се очекува старо новиот лидер и мандатар Зоран Заев да се обрати на своите сопартијци и да ги објави идните насоки  и принципи на дејствување на паритијата и оваа раководство на СДСМ.

Ова е 22 конгрес на СДСМ. Ќе има отворен и затворен за медиумите дел на конгресот. Не се очекуваат разноличија и драматични несогласувања во дебататата на делегатите на СДСМ. На крајот ќе биде  и обраќањето за јавноста на лидерот Зоран Заев.