22 лица ја загубија битката со коронавирусот

од Nikola Popovski
209 прегледи

Според последниот ковид-извештај, во последните 24 часа регистрирани се 22 починати лица од коронавирус.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека има 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г).

Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380

Слични содржини