22 лица се движеле надвор за време на полициски час

од Nikola Popovski
260 прегледи

Министерството за внатрешни работи информираше дека во периодот од полноќ до 4 часот утрово 22 лица го прекршиле полицискиот час, односно дека се движеле надвор без документ за дозвола за движење.

„Во последните 24 часа 389 лица заработија прекршоча пријава поради неносење на заштитна маска на лицето како превенција од зараза и ширење на болеста предизвикана од ковид-19. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата“, стои во соопштението на полицијата.

Слични содржини