342
24-годишно момче од Ресен утрово починало на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19.
„Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина“, истакнала д-р Билјана Гагачовска, директорка на Битолската клиничка болница, за порталот ММС.
Пациентот починал утрово во 08 часот, велат од болницата и додаваат дека тој не бил вакциниран.
Порталот неофицијално пренесува дека момчето пред десеттина дена правело свадба и така се заразило, но оваа информација не е официјално потврдена.