Околу 970 германски граѓани избегаа во Сирија и во Ирак, 160 од нив починаа. Околу 240 сега се вратија но малкумина ја знаат целосната слика. Од оние кои се враќаат добар дел, се во Северна Рајна-Вестфалија

Германските агенции за спроведување на законот немаат ресурси за да ги следат сите, иако бројот на вработени е зголемен. Со оглед на огромните загуби што ги претрпеа џихадистите од исламската држава, набргу бројот на екстремисти што се враќаат може значително да се зголеми, пишуваат медиумите. Претходно беше соопштено дека на контролираните од ИД територии во Сирија и Ирак се наоѓаат околу 290 деца и младинци од Германија. По нивното враќање тие можат да претставуваат закана за јавната безбедност, сметаат од германските служби за безбедност. “Опасноста се состои во тоа што децата се враќаат со испрани мозоци, пред нив е поставена задачата да извршуваат напади”, изјави директорот на Федералното министерство за заштита на Уставот Ханс-Георг Масен. Тоа мора да се спречи.
Прочети още на: http://bgnes.com/sviat/evropa/4571278/