26 рамковни административци одбиле да ги потпишат решенијата за работа

од Nikola Popovski
316 прегледи

Од Министерството што го раководи Артан Груби соопштија дека 1 180 од вкупно 1 349 административни службеници ги потпишале своите нови решенија за вработување и во рок предвиден со закон тие ќе почнат со работа, додека 26 административци одбиле.

„Раководните лица во институциите каде се распределени административните службеници вработени преку програмата К-5, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање од членот 4 од овој закон. Во законскиот рок, Министерството за политички систем ќе ги распредели решенијата на уште 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле“, наведуваат од Министерството за политички систем.

Голем дел од институциите, од вкупно 237, каде што административните службеници се веќе распределени, до Министерството за политички систем веќе испратиле известувања дека овие службеници наскоро ќе почнат со работа, бидејќи нивните работни места се подготвени.

Вчера и од инспекцискиот совет потврдија дека распределените административци вработени по рамковен договор не се започнати со работа.

„Сѐ уште не се распределени лицата, не се почнати со работа. Затоа е потребно да се спроведе целосната постапка, која треба да отпочне преку Министерството за политички систем за преземањата кои треба да се извршат“, рече Магдалена Филиповска Грашкоска Претседателка на инспекциски совет.

Слични содржини