27 години дипломатски односи меѓу Македонија и Русија

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Руската амбасада во Македонија на својот Твитер профил го честита 31 јануари, денот кога за првпат се воспоставени дипломатски односи на Руската федерација со Република Македонија.

Пред 27 години, на 31 јануари 1994 Руската Федерација и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. Односите меѓу двете земји се традиционално пријателски и се засноваат на меѓусебно почитување и желба за развој на заемно корисна соработка,пишуваат од Амбасадата.